Англија препорача четврта доза анти ковид вакцина за постарите

илустрација

Четвртата доза од вакцината против коронавирус ќе им биде понудена на милиони луѓе во Англија од понеделник, соопшти денеска службата за јавно здравје.

Оваа доза ќе се препорачува за луѓе над 75 години и луѓе со слаба имунолошка заштита над 12 години. Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вакцината, а 600.000 ќе добијат покана оваа недела да ја закажат вакцинацијата, соопшти ја здравствените власти.

„По големиот успех на кампањата за вакцинација досега, предлагаме постарите од 75 години и најчувствителните луѓе да земат засилена доза оваа пролет за да ја завршат својата заштита од вирусот“, рече во изјавата министерот за здравство Саџид Џавид.

Во Обединетото Кралство, секоја од четирите конститутивни земји - Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска има посебна здравствена политика.

Бројот на заразени со корона вирус неодамна се зголеми во Велика Британија, најмногу во Шкотска, каде што било заразено едно на 14 лица, соопшти во петокот Националното биро за статистика. Во Англија, според овие податоци, едно од 20 луѓе имало ковид во истиот период.

Ова високо ниво на инфекција се должи на брзиот раст на субваријантата на омикрон BA.2