Пекинг: Кина е на вистинската страна на историјата во врска со војната во Украина

Kинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји

„Кина е на вистинската страна на историјата во врска со украинската криза, што ќе го покаже времето, а нејзината позиција е во согласност со желбите на повеќето земји“, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Кина никогаш нема да прифати никаков надворешен притисок или принуда и се спротивставува на какви било неосновани обвинувања и сомневања“, им рече Ванг на новинарите.

Коментарите следуваат откако американскиот претседател Џо Бајден на 18 март го предупреди својот кинески колега Си Џинпинг за „последиците“ доколку Пекинг обезбеди материјална поддршка за руската инвазија на Украина.

Претходно кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ли Јученг рече дека НАТО е виновен за војната во Украина и ги критикуваше санкциите воведени кон Русија.

Тој на прес-конференција во Пекинг рече дека НАТО е „остаток од Студената војна“ и дека неговото проширување може да резултира со „премногу страшни последици“ за големите сили како Русија.