Кина ги регистрираше првите смртни случаи од ковид 19 по повеќе од една година, покажуваат податоците на веб-страницата на Националната здравствена комисија, во која се наведува дека две лица починале во североисточниот регион Џилин.
Кина официјално има само два смртни случаи од ковид 19 во 2021 година, а последниот беше потврден на 25 јануари минатата година.
Земјата моментално се соочува со најголемиот бран на епидемија и спроведува политика на нулта толеранција против коронавирусот со вршење „динамични чистења“, кратки затворања и брзо тестирање секаде каде што се откриени случаи на инфекција.
Градот Џилин, на границата со Северна Кореја и Русија, е во епицентарот на сегашниот бран. Тука се забележани две третини од вкупниот број заразени во земјата.
Вкупниот број на потврдени смртни случаи од ковид 19 во Кина сега е 4 638. Земјата имаше 2 228 нови инфекции на 18 март, а 2 416 ден претходно. Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени инфекции, вчера беше 1 823, а претходниот 1 904.