Приведени тетовци кои со молотов коктел запалиле казино

Илустрација

Полицијата во Тетово соопшти дека привела двајца мажи, жители на Тетово под сомнение дека ја запалиле со молотови коктели локалната обложувалница- казино. При пожарот кој настанал утринава се повредени двајца полицајци. Во полициското соопштение е наведено дека тетовците биле пронајдени два часа откако го запалиле казиното и веднаш биле приведени.

„ Денеска во 07.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 05.00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица „Илинденска“ во Тетово и предизвикале пожар. При тоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници, кои во објектот преземале службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Триесет годишникот е задржан во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, а полицијата најави дека ќе следуваат соодветни поднесоци за инволвираните.