Нови 324 заразени со ковид, пријавени тројца починати

Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 207, а потоа следуваат Битола – 19, Прилеп – 17, Охрид – 13 и Куманово – 11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.

Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице на седумдесет годишна возраст од Велес кое починало во болнички услови.
Од министерството информираат дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица на 75 години и на 83 години. Починатите се пријавени во период од на четврти и петти март 2022 година. Пријавените лица, се починати во домашни услови. Од вкупно регистрираните тројца починати кај сите лица се регистрирани коморбидитети. Во последното деноноќие регистрирани сe 287 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.