Реизбрани пет обвинители во Обвинителството на Русковска, ВМРО-ДПМНЕ реагира на нивниот реизбор

Обвинителката Вилма Русковска.

Реизбрани се пет обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. На денешната седница на Советот за јавни обвинители реизбрани се судиите Марија Ѓорѓиева, Валентина Бислимовска, Енѓелуше Кадриу Леши, Ивана Трајчева и Сузана Мирческа Кузмановска. Тие и досега беа дел од оваа обвинителство, но во февруари им истече мандатот.

На денешната седница, републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, истакна дека ќе ги поддржи досегашните обвинители од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на кои им истече мандатот, оти, како што вели, станува збор за професионални и самостојни обвинители кои со успех ги извршуваат доверените работи.

„Тие постапуваат по многу сложени предмети и нивно евентуално неизбирање ќе значи пролонгирање на тие предмети“, рече тој, дополнувајќи дека инвестирано во нивната подготвеност за постапување по предмети од организиран криминал.

Други обвинители кои конкурираа, но не добија мнозинство гласови се Арсим Адеми, Елизабета Јосифовска, Наташа Сарамандова и Златко Биковски. На конкурсот беше пријавена и обвинителката Имран Османи, но таа добила негативна оцена од Вишото обвинителство поради што не ги исполнуваше условите.

Од најголемата опозициска партија реагираа преку соопштение дека се реизбрани истите обвинители поради кои, како што велат, државава е најкриминална во Европа.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори од обвинителката Рускоска зошто изборот на јавни обвинители не беше пренесуван јавно и целиот процес не беше транспарентен?

Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција ги презеде високрофилните случаи за корупција на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).