Орбан очекува поголем бран бегалци од Украина следната недела

Бегалци од Украина во Унгарија.

Унгарија очекува „поголем бран“ бегалци да пристигне од Украина следната недела, изјави премиерот Виктор Орбан на видео објавено на неговата страница на Фејсбук, јавува Ројтерс.

Посетувајќи го граничниот премин во близина на границата на Унгарија со Романија и Украина, Орбан рече дека следната недела таму ќе бидат поставени повеќе граничари за да се справат со зголемениот број бегалци.

Орбан, кој се соочува со избори на 3 април, не кажа зошто очекува повеќе бегалци следната недела.

Во текот на изминатата недела, бројот на украински бегалци кои пристигнуваат во Унгарија значително се намали.

Заклучно со податоците од вчера повеќе од три милиони Украинци ја напуштија својата татковина од почетокот на инвазијата и заминаа во соседна Словачка, Унгарија, Романија, Молдавија и особено Полска, која прими речиси два милиони бегалци.

Во Чешка, Унгарија и Словачка има по повеќе од 200 илјади украински бегалци.