Временска прогноза – Облачно со повремен дожд

Камен мост, Скопје

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален дожд, особено во југоисточните предели. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд претпладне. Максималната температура ќе се искачи до 12 степени.

Утре ќе биде постудено и ќе има локални врнежи од снег. И во наредните денови ќе биде значително постудено со температури под просекот за овој период од годината.