Петровска на вонреден состанок на НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел.

Покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на состанокот ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ.

На состанокот, според соопштението, ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.