На Џулијан Асанж му беше одбиено барањето за жалба до Врховниот суд на Обединетото Кралство против потегот за негова екстрадиција во САД, соопштија денеска Судот и Викиликс.
Врховниот суд соопшти дека неговата апликација не спорела со ниедна правна точка.
Викиликс соопшти дека британската министерка за внатрешни работи Прити Пател сега треба да одлучи дали да го одобри барањето.
Се чини дека со тоа се исцрпени сите правни патишта на Асанж во Велика Британија за да избегне судење во САД.
Вашингтон сака да му се суди на 50-годишниот Австралиец во врска со објавувањето на 500 илјади тајни воени документи поврзани со војните во Ирак и во Авганистан.
Асанж сепак би можел да го однесе неговиот случај пред Европскиот суд за човекови права.