Приведени 48 косовски полицајци осомничени за корупција

Сите припадници на косовската полиција од две смени на граничните премини Ќафе Пруш и Ќафе Морине на границата со Албанија се упасени утрово во антикорупциската операција на Полицискиот инспекторат на Косово. Косовските медиуми јавуваат дека во денешната операција на полицискиот инспекторат уапсени се 48 полицајци, меѓу кои и лица на повисоки позиции, како и двајца цариници.

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, Блерим Исуфај, во изјава за приштинскиот медиум „Национале“, ја потврди информацијата дека има упасени во акцијата без да наведе бројка. Тој изјави дека акцијата и натаму продолжува.

Косовската полиција во потрага по корумпирани полицајци

Претходно Инсоекторатот соопшти дека утрово спровел обемна операција, на која ѝ претходела речиси едногодишна истрага против полициски службеници осомничени за кривичните дела „земање поткуп“ и „злоупотреба на службената должност“. Во операцијата биле вклучени Специјалното обвинителство на Република Косово и други надлежни агенции.