Нови 198 заразени со ковид, пријавени девет починати

Тестирање за Ковид-19

Од направени 1.996 тестови, изминатото деноноќие регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19, од кои 31 се реинфекции, починале девет лица, а оздравеле 276 пациенти, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи најмногу се регистрирани во Скопје – 120, следат Битола – 15, Прилеп – 11. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.

Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Куманово – 9, Битола – 4, Кичево и Ресен – по 3, Кратово – 2, Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.