Мицкоски: владините антикризни мерки се задоцнети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во општина Свети Николе одговарајќи на новинарско прашање дали е доволен новиот сет мерки на Владата за да се надмине енергетската и економската кризата во која се наоѓа државата, истакна дека мерките се задоцнети и декаи не мисли оти драматично ќе ја подобрат состојбата.

„Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат, еве малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме “, нагласи Мицкоски.

Инаку Собранието доцна синоќа едногласно го изгласа новиотс сет антикризни мерки кои ги предложи владата. Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги двата предлог закони, рече дека тие се дел од пакетот 26 кризни мерки на Владата, кои треба да му помогнат на стопанството во државата, која е погодена од енергетската криза и ценовниот шок на глобалните пазари.

Пакетот е во вредност од 400 милиони евра. Со изгласаните измени основните прехранбени продукти, како леб, брашно, млеко, месо, зејтин, шеќер, ориз и јајца за кои досега имаше ДДВ од пет проценти, сега ќе се продаваат без ДДВ. Се намалува ДДВ-то од 18 отсто на 10 отсто при промет на енергенси, се укинува плаќање ДДВ при увоз на енергенси и се намалува акцизата на горивата согласно берзанските цени.