Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи со ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 277 случаи од Скопје се 141, а потоа следуваат Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции.
Во последните 24 часа регистрирани се осум починати на возраст од 60 до 86 години. Од министерството информираат дека согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени шест починати лица на возраст од 41 до 90 години, пријавени за починати во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година.
„Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети“, наведуваат од минитерството.
Во последното деноноќие регистрирани се 132 оздравени пациенти. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а на активни случаи изнесува 2.178.