Времето денеска- студено со северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со услови за провејување на слаб снег во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината. Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник и во деновите потоа, кога ќе преовладува сончево време со појава на мала до умерена локална облачност.