Бајден - Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна

Aмериканскиот претседател Џо Бајден

Соединетите Американски Држави нема да испраќаат војници во Украина, соопшти американскиот претседател Џо Бајден на 11 март.

„Сакам да бидам јасен – ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО со цела сила на обединетото и галванизирано НАТО“, напиша претседателот на САД на Твитер.

„Но нема да водиме војна против Русија во Украина. Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна“, напиша тој.

Бајден неколку пати рече дека не се разгледувало прашањето да се испраќа американска војска во Украина како одговор на рускиот напад.

САД претходно денеска воведоа нови санкции кон Русија.