САД – На Киев не му се потребни борбени авиони, ќе им испратиме противавионски ракети

Чад над гранатираниот Киев

САД оценија дека на Украина не ѝ е навистина потребно да има борбени авиони за да им се спротивстави на руските напади, туку оти планираат да им испратат повеќе одбранбени системи земја-воздух.

„Авиони – тоа не им а најпотребно на нашите украински партнери во овој момент“, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Кога го анализираме разорувањето кое Кремљ го прави во регионите од Украина, тоа е главно од ракети, проектили, артилериски оган“, оцени тој и рече дека авионите не се најдобри за елиминирање на таквите оружја.

Според него, украинската војска има повеќе авионски ескадрили способни за летање.

Тој рече дека ефикасноста на руската флота борбени авиони е ограничена од системите за противвоздушна одбрана на Украина на земја, било да се работи за големите ракети земја-воздух или за лесните преносни системи како што се Стингерите кои на Украина ѝ ги дадоа САД.

Тој рече дека САД ќе продолжи на Украина да ѝ испраќа ракетни системи земја-воздух.

САД во средата дефинитивно го отфрлија предлогот на Полска да ѝ испорача на американската војска авиони МиГ-29 за потоа тие да ѝ ги предадат на Украина, оценувајќи дека понудата на Варшава е ризична, зашто би можела да предизвика ескалација од руска страна и да доведе до директен судир на Русија и НАТО.

Вашингтон не исклучи целосно некоја земја од НАТО со своја „суверена одлука“ да му испорача ловечки авиони на Киев, рече портпаролот, навестувајќи дека САД не се за тоа.