Временска прогноза – Променливо облачно и студено време

Илустрација

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, а вдолж Поварадрието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Претежно претпладне и особено во северните и централните делови повремено ќе провејува слаб снег.

Утринските температури ќе бидат во интервалот од -10 до -2 степени, а максималната дневна од -1 до 6 степени. Во Скопје слично време, со студено утро и температура од -4 до 5 степени.

Во земјава до недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе бидат особено ниски, па на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, а најниски ќе бидат за време на викендот. Постепен пораст на температурите ќе започне од понеделник.

В сабота температурите ќе бидат: утринската од -12 до -3, а дневната од -2 до 6 степени, во недела од -13 до -3, односно од 0 до 8 степени. Во понеделник од -9 до -1, односно од 3 до 10 степени и во вторник и среда студени утра со дневни температури од 5 до 12, односно од 6 до 13 степени.