Украинскиот парламент објави дека руските сили го нападнале институтот во градот Харков, во кој се наоѓа експериментален нуклеарен реактор.
Во соопштението се додава дека во пламен е хостел кој се наоѓа во соседството.
На официјалната интернет страница, Парламентот објави дека продолжуваат борбите во близина на Институтот за физика и технологија.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи, изјави дека институтот содржи „извори на радијација кои се користат за научни цели“.
Подоцна, украинската новинска агенција Интерфакс објави дека пожарникарите се во процес на гаснење на пламенот во хостелот, кој се простира на околу 100 квадратни метри.