ОН - Комуникациите со две украински нуклеарни централи се „деградирани“

Нуклеарното тело за надзор на Обединетите нации (МААЕ).

Нуклеарното тело за надзор на Обединетите нации (МААЕ) соопшти дека сè уште нема потврда дека е обновена електричната енергија во нуклеарната централа Чернобил, која се наоѓа во северна Украина.

Собирањето на податоци од Чернобил и од нуклеарната централа Запорожје на југот на земјата, е компромитирано, наведува МААЕ.

Шефот на агенцијата Рафаел Гроси рече дека тие немаат „истражувачки капацитет“ да разберат зошто се случило тоа.

Тој додаде дека постои „сè поголем проблем“ со мерките за нуклеарна заштита во Украина.

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина изразија интерес за нова безбедносна рамка за нуклеарните централи на Украина, но поставија и некои прашања околу тоа, рече Гроси.

„Доста подетално“ идеите треба да им бидат претставени на двете земји во следните неколку часа.