Кларк - НАТО да помогне во Украина, но да остане во своите граници

Архивска фотографија - пензионираниот американски генерал Весли Кларк

Поедини земји од НАТО мора да направат сè што можат да ги поддржат украинските сили на бојното поле со достава на оружје, опрема и разузнавачки информации, но НАТО мора да остане во своите граници, вели пензионираниот американски генерал Весли Кларк во интервју за Радио Слободна Европа.

За можноста за воведување на зона на забранети летови над Украина, тој вели дека НАТО мора да остане во рамките на своите граници, но оти Алијансата мора да преземе низа мерки за одговор ако Русија ги премине нејзините граници.

Столтенберг: НАТО нема воено да се инволвира во Украина

Тој додава дека меѓународните механизми треба да го обвинат рускиот претседател Владимир Путин и неговите генерали за воени злосторства.