Во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) од денеска не важи правилото вакциниран/прележан/тестиран (ВПТ), кое беше воведено како мерка за превенција на ширењето на коронавирусот, одлучи владата на овој ентитет во Босна и Херцеговина.
Властите на другиот ентитет, Република Српска, го разгледуваа, но воопшто не воведоа вакво правило.
На владите на кантоните, односно на кризните штабови на десетте кантонални министерства за здравство во ФБиХ им е наредено континуирано да ја следат епидемиолошката состојба во нивните кантони, за во случај на влошување правовремено да реагираат и да донесат мерки и за тоа редовно да го известуваат кризниот штаб.
Минатата недела во ФБиХ е забележан средно висок ниво на пренос на коронавирусот и пад на сите индикатори. Бројот на заразени се намалува, а седумдневната инциденца минатата недела беше под 42 случаи на 100 илјади жители.
Наредбите и препораките на Кризниот штаб на федералното Министерство за здравство стапуваат на сила веднаш и ќе траат 30 дена, наместо досегашните 15 дена.