Ги подржуваме само оние кои се залагаат за јакнење на Босна и Херцеговина, но не и оние работат на дестабилизација на државата, порача денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, по состанокот со министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ.
„Мора да обезбедиме мир во БиХ и мора да се бориме со оние кои тоа го загрозуваат“, рече германската министерка.
Таа порача дека БиХ се еден од приоритетите на Германија во надворешната политика. Германската министерка вели дека е од важност во октомври да се одржат парламентарни избори во БиХ.
Бербок конкретно не спомена можност за санкции за функционери во БиХ, но напомена дека Германија ќе ја скрати својата економска поддршка за делови од БиХ кои не почитуваат владеење на правото.
За време на својата турнеја германската министерка ќе ги посети и Косово и Србија, а потоа ќе замине за Молдавија.