Нови 292 случаи на Ковид 19, 7 починати лица

Илустративна фотографија

Денеска се регистрирани се 292 нови случаи на Ковид -19, направени се 2.410 тестови, има 303 оздравени пациенти, но и седуммина починати, соопштија од Министерството за здравство.

Најмногу новозаразени има во Скопје – 140, Битола – 21, Куманово – 18, Велес – 16, Прилеп – 14, Тетово – 13, Кавдарци – 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Виница – 4, Струга и Демир Хисар – по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија– по 1.

Од вкупниот број позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,дополнително се пријавени уште 5 починати лица во период од 24.02. до 07.03.2022.

Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.398, бројот на оздравени пациенти е 289.064, на починати е 9.104, а бројот на активни случаи изнесува 2.230.