УНЕСКО повикува на поголема заштита на културното наследство на Украина

Украина

УНЕСКО повика на поголема заштита на културното наследство на Украина за време на неиспровоцираната, брутална инвазија на Русија.

„Мораме да го заштитиме културното наследство во Украина, како сведоштво за минатото, но и како катализатор за мир и кохезија за иднината, што меѓународната заедница има должност да го заштити и зачува“, рече Одри Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

Од почетокот на руската инвазија минатата недела, УНЕСКО е во постојан контакт со украинските институции за да ја процени ситуацијата и да ја зајакне заштитата на местата со културното наследство.

„Првиот предизвик е да се обележат местата и спомениците на културното наследство и да се потсети на нивниот посебен статус како заштитени подрачја според меѓународното право“, рече Азулај.

Со помош на сателитски снимки, УНЕСКО се обидува да ја следи штетата нанесена од руската инвазија на местата на културното наследство во Украина. УНЕСКО, исто така, ја потврди својата намера да ги поддржи културните работници во Украина.

Министрите за култура на ЕУ на 7-ми март ги уверија украинските новинари и уметници за помош. Во заедничката изјава тие рекоа дека ќе ги поддржат професионалците за да можат да продолжат да бидат активни и да одржуваат креативно и слободно изразување.