ОН: Во Украина досега загинале над 400 цивили, 27 се деца

Евакуација на жители од украинскиот град Ирпин

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека е потврдена смртта на 406 цивили, вклучително и 27 деца, во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари. Оттаму соопштија дека вистинската бројка најверојатно ќе биде многу поголема.

Најновите податоци на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, кој има набљудувачка мисија во Украина, го покриваат периодот од 24 февруари до 6 март.

Во меѓувреме, од почетокот на војната Украина ја имаат напуштено над 1,7 милони бегалци, покажуваат последните податоци од УНХЦР. Најголем дел од нив се пребегани во соседна Полска која досега има примено повеќе од еден милион бегалци.

За денеска е најавена третата рунда преговори меѓу Киев и Москва, откако обидот за евакуација на цивили од опколениот украински град Мариупол вчера не успеа.

Руските делегации се состанаа двапати во Белорусија откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, но прекинот на огнот договорен за време на тие разговори за да им се овозможи на цивилите да бегаат не успеаја.