Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили ги држат клучните градови во централниот и југоисточниот дел на земјата, додека руските сили се обидуваат да ги блокираат и задржат опколените градови Харкив, Миколајв, Чернихив и Суми.
Зеленски изјави дека 10.000 руски војници биле убиени во 10 дена војна, инфорамции коишто не може да бидат независно потврдeni, пренесува АП.
Руската војска не дава редовни информации за своите жртви. Само еднаш, во средата, открија дека бројот на загинати е скоро 500.
„Ова е ужасно“, рече Зеленски: „Момци на возраст од 18, 20 години, војници на кои не им било кажано за што ќе се борат“, рече тој.
Руските сили ја презедоа контролата врз психијатриската болница во градот Бородјанка во Киевската област во Украина, со 670 лица во зградата, изјави за локалните медиуми регионалниот гувернер Алексеј Кулеба, пренесува Ројтерс.
„Не знаеме како да ги евакуираме тие луѓе, како да им помогнеме. Им снема вода и лекови“, рече Кулеба.