Ќе се контролираат дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти

Маркет во Скопје

Во наредниот период ќе се спроведуваат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава, соопшти Управата за финансиска полиција. Контролите ќе ги прават заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето.

Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата.

Во изминатите денови најпрвин се испразнија рафтови во продавниците, а потоа се појавија и редици на бензинските пумпи низ земјава.