Нови 389 случаи на заразени со ковид и вкупно 15 починати

Во последните 24 часа регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 од направени 2.624 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица на возраст од 68 до 93 години, сите починати во болнички услови. Дополнително има уште осум починати од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин. Починатите се на возраст од 62 до 96 години, од кои шест починале дома, а две во болница.

Кај сите починати лица се регистрирани претходни болести.

Најголем дел од новозаразените се регистрирани во Скопје, каде има 204 случаи, потоа следуваат Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 749 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857.