Советот за безбедност на ОН заседава за штетата и руската заплена на нуклеарната централа во Украина

Нападната нукларната централа во Запорожје, Украина

Дипломатите велат дека Советот за безбедност на ОН закажал итен состанок за денеска (4-ти март) по пожарот во нуклеарната централа што ја предизвикаа руските сили.

Меѓународната агенција за атомска енергија, украинската нуклеарна агенција и нуклеарни претставници од целиот свет рекоа дека не е утврдено истекување од нуклеарната централа Запорожјe, откако надлежните конечно го изгаснаа пожарот што избувна во текот на ноќта, по гранатирањето во непосредна близина од страна на руските сили.

Инцидентот ги поттикна ОН и меѓународните атомски власти да усвојат итни позиции, а канцеларијата на британскиот премиер Борис Џонсон соопшти дека тој ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за да се разговара за ситуацијата.