ЕУ одобри мерки за заштита на украинските бегалци

Знамето на ЕУ и на Украина

Европската унија денеска ги одобри мерките што обезбедуваат привремена заштита на стотиците илјади бегалци од Украина кои доаѓаат во блокот за да ја избегнат руската инвазија. Комесарот за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансон ја објави одлуката по состанокот на министрите за внатрешни работи од 27-те членки на блокот.

„Историска одлука... токму сега- ЕУ ќе им даде привремена заштита на оние кои бегаат од војната во Украина“, напиша таа во твитот.

Директивата за привремена заштита се однесува на Украинците и луѓето кои ја ја направиле Украина нивно трајно место за живот, како и на членовите на нивните семејства, кои биле раселени поради конфликтот.

Оние кои не се државјани, според директивата, а легално престојуваат во Украина и кои не можат да се вратат во нивната земја или регион на потекло, како што се барателите на азил или корисници на меѓународна заштита и членовите на нивните семејства, исто така ќе добијат заштита во ЕУ.

Привремената заштита ќе се применува веднаш и ќе трае една година. Може да се продолжи автоматски на два пати на шест месеци, односно на уште една година.

ОН денеска соопштија дека за време на конфликтот влезе во својот осми ден, повеќе од 1 милион луѓе ја напуштиле Украина, од кои речиси 600.000 преминаа во Полска, членка на ЕУ.