Се намалува бројот на банкомати во Холандија поради крадци

Илустрација

Во изминатата година во Холандија се отстранети 879 банкомати, и сега има останато само 4916, покажуваат податоци на Холандската централна банка.

Поради страв од грабежи на банкомати, банките ги исклучуваат или демонтираат, па сега има за една третина помалку отколку пред 2,5 години, пренесе информативниот сајт Дач њуз, а пренесува Бета.

Работното време на банкоматите исто така е ограничено, и најголем дел од нив се исклучени меѓу 23 часот и 6 наутро.

Таа привремена мерка, која има за цел да ги обесхрабри ограбувачите, сега е правило. Само банкоматите во близина на ноќните локали работат до 2 наутро.

Во Холандија, секој граѓанин би требало да има пристап до банкомат на најмногу 5 километри од дома. Околу една четвртина од сите трансакции во Холандија се готовински.

Директорката на Гелдмат, кој минатата година го презеде управувањето со банкоматите, Пеги Корстенс, за државната РТВ НОС рече дека отстранувањето и затворањето на банкоматите е средство на одвраќање.

Таа рече дека е тешко да се најде локација за поставување на банкомат, зашто сопствениците на згради се загрижени поради потенцијалната штета која ја нанесуваат крадците минирајќи ги машини за да дојдат до пари.

Наместо улични банкомати, Гелдмат експериментира со воведување посебни мали локали без персонал, но со камери и друга сигурносна опрема. Се очекува 15 вакви локали да бидат отворени оваа година.