Босна и Херцеговина денеска одбележува 30 години од својата независност. На овој ден пред три децении беше одржат референдум на кој се изјаснија 64 отсто од граѓаните, а од нив 99 гласаа за излез од Југославија. Резултатите од референдумот беа прифатени од Парламентот на БиХ, на 6 март 1992 година. Еден месец подоцна земјите членки на ЕУ ја признаа БиХ, а САД тоа го стори на 7 април.
Амбасадата на САД во БиХ им го честиташе празникот на граѓаните. Во соопштението се наведува дека остануваат посветени на пријателството со БиХ и со нејзините граѓани и пружаат поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет. Честитката беше упатена на Твитер.
Шефот на Делегацијата на Европската унија во БиХ, Јохан Сатлер рече дека „додека Босна и Херцеговина одбележува годишнина од независноста, една друга држава се бори за да ја зачува својата.
Тој во обраќањето до јавноста рече дека БиХ е сè уште млада држава, но гледајќи наназад, помина долг пат и сакаат да ја видат како и понатаму напредува кон Европската унија.
БиХ нема закон за празници, па поради тоа секој ентитет слави различни датуми како празници. Денот на независноста се слави во ентитетот Федерација БиХ, а во друг ентитет, во Република Српска е работен ден.