Зеленски потпиша официјалното барање за влез на Украина во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес конференција во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека потпишал официјално барање Украина да се приклучи на Европската унија.
Зеленски побара од Европската унија да и дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура, бидејќи таа се брани од инвазија на руските сили, јавува агенцијата Ројтерс.

Украина се соочува со масовна неиспровоцирана инвазија од соседна Русија, а Зеленски и претходно денеска ја повика Европската унија веднаш да и даде членство на Украина по посебна процедура.

„Нашата цел е да бидеме со сите Европејци и што е најважно, да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека го заслужуваме тоа“, рече тој во видео говор споделен на социјалните мрежи.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Зеленски бара брз прием во ЕУ

Тој додаде дека европејците се сведоци како нивните војници се борат не само за Украина, туку како што рече и за цела Европа и за мирот за сите земји од Европската унија. Инаку Русија ја започна воената инвазија врз Украина на 24 февруари и од тогаш траат борбите во таа земја.