Путин до Макрон: украинската неутралност е клучна за секое решение

Рускиот претседател - Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот му рече на францускиот претседател Емануел Макрон дека решението за Украина е можно само доколку Киев е неутрален, „денацификуван“ и „демилитаризиран“ и ако формално биде призната руската контрола врз анектираниот Крим, соопшти Кремљ.

Путин ова го кажал во телефонски разговор со францускиот лидер, соопшти официјална Москва.

„Русија е отворена за разговори со претставниците на Украина и очекува (разговорите) да доведат до посакуваните резултати“, се наведува во соопштението кое го пренесува агенцијата Ројтерс.