Времето променливо облачно, попладне слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури се движат во интервал од -6 степени до 0, а максималните ќе бидат од -1 до 9 степени.

Од УХМР најавуваат дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од среда се очекува стабилно и суво време со пониски утрински температури, додека дневните температури ќе бидат во пораст.