Светското раководно тело за џудо го суспендираше рускиот претседател Владимир Путин како почесен претседател на Меѓународната џудо федерација поради руската инвазија на Украина.
„Во светлината на тековниот воен конфликт во Украина, Меѓународната џудо федерација објавува суспензија на статусот на Владимир Путин како почесен претседател и амбасадор на Меѓународната џудо федерација“, се вели во соопштението.
Путин кој има црн појас во џудо е и коавтор на книга за спортот. Федерацијата минатата недела соопшти дека го откажала настанот од 20 до 22 мај во Русија.
„Меѓународната џудо федерација со жалење го објавува откажувањето на Грен слем турнирот 2022 година во Казан, Русија“, рече нејзиниот претседател Мариус Визер на 22 февруари.