Протести низ светот за поддршка на Украина

Протести за поддршка на Украина.

Илјадници луѓе учествуваа во проукраинските демонстрации ширум светот за да ја осудат војната на Русија против нејзиниот сосед.Инвазијата на Москва предизвика глобална револт и поттикна санкции од западните земји, некои насочени против самиот руски претседател Владимир Путин.

Вчера се одржаа собири во градовите во Европа, како и во Техеран за да се осуди руската инвазија на Украина и да се повика на прекин на насилството.

Во Швајцарија, илјадници луѓе се собраа низ целата земја, вклучително и околу 1.000 пред европското седиште на Обединетите нации во Женева. Демонстрантите побараа поостри активности од владата.

Во рускиот сосед Финска, илјадници луѓе се собраа во главниот град Хелсинки извикувајќи „Русија надвор, долу Путин!“
Околу 3.000 луѓе се собраа во Виена, со натписи на кои пишуваше „Стоп за војната“ и говори од украинската заедница во Австрија.

Во Велика Британија, стотици демонстранти се упатија кон руската амбасада во Лондон.

Во Техеран, се одржа мал протестен собир пред украинската амбасада каде луѓето извикуваа „Смрт за Путин“, според аматерски видеа објавени на интернет. Некои носеа свеќи и украинско знаме.

Иранската влада не ја поддржа руската инвазија, но ги обвини наводните „провокации на НАТО“ за кризата. Техеран рече дека војната не е решение за кризата.

Протести беа пријавени и во Израел и Њујорк.