Зеленски: Украина нема да ѝ се предаде на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео пред неговата канцеларија во Киев, во кое вели дека армијата „нема да го остави оружјето“.

„Добро утро до сите Украинци! Во последно време на Интернет имаше многу лажни информации дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и да се евакуира. Слушајте, јас сум тука. Нема да го положиме оружјето. Ќе ја браниме нашата држава. Затоа што нашето оружје е нашата вистина. А вистината е дека ова е наша земја, наша држава, наши деца. И ние ќе го браниме сето тоа. Тоа е сè што сакав да ви кажам. Слава на Украина“, рече тој.

Видете и ова: Папата во Твитер-порака на руски: Секоја војна е срамна капитулација

Украинскиот претседател синоќа рече дека Киев го очекува тешка ноќ. Во руската инвазија на Украина, која почна утрото на 24 февруари, украинските власти пријавија дека има десетици загинати, стотици ранети и голема материјална штета. Голем број држави и меѓународни институции го осудија нападот врз Украина и дадоа поддршка на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.