Зголемен бројот на родени, намален бројот на умрени, но природниот прираст и натаму негативен

Илустрација

Во четвртото тримесечје лани, во земјава се евидентирани 5015 живородени деца, што е зглемување од 12,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23,9 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020.

Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3,5 отсто во однос на истиот период во 2020 година, односно склучени се 2707 бракови.

За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените бракови, што претставува намалување за 5,3 проценти во споредба со истото тримесечје во 2020 година.