Руски воен брод погодил брод што пловел под молдавско знаме во Црното Море

Руски воен брод пука во Црното Море

Командантот на вооружените сили на Украина Валериј Залужниј соопшти дека брод што пловел под молдавско знаме бил погоден од проектил истрелан од руски воен брод во Црното Море, додека руските вооружени сили продолжуваат со својот напад врз Украина.

Залужниј на Фејсбук напиша дека танкерот „Милениум спирит“ бил 19 километри оддалечен од украинскиот брег кога денеска бил погоден.

Поморската агенција на Молдавија соопшти дека сите членови на екипажот биле руски државјани и оти компанијата која управува со танкерот е регистрирана во Украина. Романската телевизија објави дека има десет членови на екипажот.

Некои украински медиуми објавија дека двајца членови на екипажот се ранети. На бродот избувнал пожар, но бил изгаснат.

Според Молдавската поморска агенција, спасувачката операција биле спроведена од украинските власти.