Силен земјотрес во Индонезија, најмалку седуммина загинати

Ученици се евакуираат од основно училиште на Суматра по земјотресот со јачина 6,2

Земјотрес со јачина од 6,2 денеска го погоди индинезискиот остров Суматра, при што загинаа најмалку седум луѓе, а 85 се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 66 километри северозападно од Букитинги, град во западна Суматра, на длабочина од околу 12 километри.
Меѓу загинатите има најмалку две деца.

Причинета е материјална штета, стотици куќи и згради се урнати во земјотресот.

Над 5000 илјади луѓе ги напуштија домовите поради потресот.