Загрепчани во паника повлекуваат пари од руската Сбербанк

Илустративна фотографија

Редици Загрепчани чекаат пред филијалата на една од двете најголеми руски банки Сбербанк во Загреб, по санкциите што ЕУ и САД ги воведоа против Русија, како одговор на воените операции во Украина, пишува хрватскиот портал Дневник.

Загрепчани во страв ги повлекуваат своите заштеди, а за да се спречи паничното подигнување пари, за денеска е најавена прес-конференција во хрватското Министерство за финансии.

„Вчерашниот напад на Русија врз Украина предизвика загриженост во сите области од животот, како и во областа на осигурувањето на депозитите, особено во однос на руските банки кои работат во Република Хрватска, поточно Сбербанк“, соопшти Хрватската агенција за осигурување депозити.

Како резултат на руската инвазија во Украина, САД и ЕУ воведоа низа санкции за Москва, меѓу кои и замрзнување на средствата на големите руски банки.