Руското министерство за одбрана потврди дека руските копненени сили се во Украина

Илустрација

Руското Министерство за одбрана потврди дека руските копнени сили влегле во Украина од Крим, што е прва потврда на Москва дека копнените трупи се во Украина, пренесе АП.

Претходно Русија само објави дека извршила воздушни и ракетни напади врз украинските воздушни бази, противвоздушни и други воени објекти. Руското Министерство соопшти дека уништило 83 украински воени објекти.

За прв пат од почетокот на акцијата, портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков потврди дека руските копнени трупи влегле во Украина, велејќи дека напредуваат кон градот Херсон, северозападно од Крим.

Руската војска рано утрото на 24.02.2022 ја нападна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „специјална“ операција за „демилитаризација“ на земјата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека земјата ќе се брани и прогласи воена состојба на целата територија на Украина. Осуди за нападот искажаа голем број држави, сојузи и институции.