Велика Британија изјави дека е спремна да и обезбеди на Украина дополнителна воена поддршка, вклучително и смртоносно одбранбено оружје и големи гаранции за заем за да му помогне на Киев „да ја преброди руската агресија“.
„Земајќи го предвид се позаканувачкито однесување од Русија и во согласност со нашата претходна поддршка, Обединетото Кралство наскоро ќе обезбеди дополнителен пакет воена поддршка за Украина“, изјави денеска премиерот Борис Џонсон во Парламентот.
- Британија воведе санкции против Русија, замрзна имот, забрани патувања
- Западот ги осуди постапките на Путин, подготвува нов пакет санкции
Велика Британија и нејзиниот премиер беа меѓу најгласните од западните земји во осудата на руските акции, поддршката за Украина и во воведувањето санкции кон Москва.
На 22 февруари, Џонсон воведе санкции за пет руски банки и тројца богати руски бизнисмени кои Британија и се закани дека ќе им го прекине пристапот на руските компании до американски долари и британски фунти, блокирајќи ги да собираат капитал на лондонските берзи.