Британија и нејзините сојузници во северна Европа најавија воени вежби на Балтикот

воени вежби на Балтикот

Британија и нејзините сојузници од северна и источна Европа објавија дека наскоро ќе одржат заеднички воени вежби на Балтикот во контекст на стравувањата откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на проруските сепаратистички области во источна Украина. Десет министри за одбрана на Здружените експедициски сили (ЏЕФ) предводени од Лондон (Данска, Естонија, Финска, Исланд, Ледонија, Литванија, Холандија, Норвешка и Шведска) вчера се сретна во северна Англија при што е договорено да преземат интегрирани воени активности во Северна Европа, на море, на копно и во воздух. „Овие активности и оние што следат ќе останат превентивни и пропорционални“, се вели во соопштението, во кое се додава дека ќе ја покажат „солидарноста, капацитетот и одлучноста заеднички да ги бранат безбедноста и мирот“.

Британија воведе санкции против Русија, замрзна имот, забрани патувања

Тензиите предизвикани од присуството на руски војници на границите на Украина го поттикнаа НАТО да го зајакне своето источно крило, особено во Полска, Романија и балтичките земји. Русија бара гаранции за својата безбедност, како повлекување на воената инфраструктура на НАТО од Источна Европа и гаранции дека Украина нема да стане членка на Алијансата, а Западот ги оцени тие барања како неприфатливи.