Западот ги осуди постапките на Путин, подготвува нов пакет санкции

Тенк во Доњецк

Западните земји ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае барањата за независност на регионите што сепаратистите поддржани од Русија ги држат во Украина, при што САД и нивните сојузници ветија дека брзо ќе воведат нови санкции против Москва. Американските власти соопштија дека Вашингтон се координира со сојузниците и дека денеска ќе ги објави новите санкции против Москва.

САД ќе објават санкции против Русија во координација со сојузниците

Глобалните берзи паднаа и цените на нафтата се зголемија по акцијата на Путин да ги признае сепаратистите и неговата одлука да нареди руски војници да влезат во регионите. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен доцна на 21 февруари твитна дека одлуката на Путин бара „брз и цврст одговор и соодветни чекори во координација со партнерите“. Русија во 2014 година ја нападна Украина и го зазеде регионот на Крим и оттогаш им помага на сепаратистите во источна Украина во нивниот крвав конфликт со владата во Киев.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руски воени возила и тенкови влегуваат во Украина

Путин нареди испраќање на руски трупи во Доњецк и Луганск, Западот најави санкции

Таа собра повеќе од 150.000 војници долж границата со Украина во последните месеци, што ги зголеми стравувањата од неизбежна инвазија на нејзиниот сосед. Москва негираше дека планира да ја нападне Украина пред наредбата на Путин на 21 февруари да испрати војници во сепаратистичките области, велејќи дека тие се потребни за да се зачува мирот и да се заштитат цивилите - тврдења што Западот брзо ги отфрли. Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, рече дека Москва ги крши договорите од Минск што ги потпиша во 2014 година, кои го поставуваат патот кон мировно решение. „Со својата одлука Русија ги прекршува сите ветувања кон светската заедница“, рече таа. Британскиот премиер Борис Џонсон ја осуди одлуката на Путин како „флагрантно кршење на суверенитетот и интегритетот на Украина“. Тој додаде дека „многу силен пакет санкции“ ќе биде имплементиран „со првиот руски упад или руската инвазија“.

ЕУ и соопшти на Украина дека не е подготвена да воведе санкции за Русија

Шефот на НАТО Јенс Столтенберг рече дека акцијата на Путин „дополнително го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги нагризува напорите за решавање на конфликтот и ги прекршува Минските договори, во кои Русија е страна“. „Москва продолжува да го разгорува конфликтот во источна Украина обезбедувајќи финансиска и воена поддршка на сепаратистите. Таа, исто така, се обидува да создаде изговор за уште еднаш да ја нападне Украина“, додаде шефот на западната воена алијанса. Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, двете највисоки личности во Европската унија, ја осудија постапката на Путин како „еклатантно кршење на меѓународното право“.

САД со информација до ОН за наводни руски планови за убивање Украинци

Јапонија соопшти дека е подготвена да им се придружи на Соединетите Држави и другите сојузници за да воведат санкции кон Русија доколку таа изврши инвазија на Украина. Премиерот Фумио Кишида рече дека акцијата на Москва го прекршила „суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и не може да се толерира“. Шефот на ОН, Антонио Гутереш рече дека одлуката на Путин претставува „прекршување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и не е во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации“. Кина, сојузник на Русија, се чини дека остана неутрална во својата првична реакција. Амбасадорот на ОН Џанг Јун изјави пред Советот за безбедност дека ситуацијата во Украина „е резултат на многу сложени фактори“.