Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји изјави дека проектите на ЕУ на територијата на Република Српска може да се реализираат само доколку профункционираат институциите на БиХ. Тој посочи дека на крајот на минатата година ги предупредил политичките лидери во БиХ дека без целосно функционирање на институциите на БиХ ризикува да загуби големи инвестиции. „Побарав од претставниците на РС целосно да се вратат во државните институции“, напиша Вархеји на Твитер. Тој изјави дека Европската комисија примила апликации за поддршка од ЕУ за Коридорот 5 вклучително и за две локации на територијата на РС.
Борел повика на брза акција за спречување распад на БиХ
„Придонесот на ЕУ за овие два проекта изнесува 600 милиони евра, што може да се реализира само по враќањето во државните институции кои функционираат во целост“, изјавил Верхеи на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој се разговараше за БиХ. Тој додаде дека Комисијата подготвила план за помош во развојот и закрепнувањето од пандемијата на коронавирус и дека планот директно ќе им помогне на граѓаните на БиХ. Вархеји ги повика политичките лидери во БиХ да најдат решение за изборните и уставните реформи што е можно поскоро за сите граѓани да бидат подеднакво застапени.