234 нови случаи на коронавирус, 17 починати

Илустративна фотографија.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 234 нови случаи на коронавирус, а починати се 12 луѓе на возраст од 58 до 81 години, сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, пријавени се уште пет починати лица во Регистарот од „Мој Термин“ на возраст од 61 до 80 години, три во домашни, а две лица во болнички услови во периодот од 14 до 18 февруари оваа година. Од вкупниот број на починати лица, кај 17 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 1.318 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 180, Кавадарци 19, Куманово, Прилеп и Неготино по 6, Велес 4... Од вкупниот број на позитивни 234, регистрирана е 31 реинфекција.

Регистрирани сe 1.490 оздравени пациенти, со што бројот на активни случаи во моментов е 6.318.

Вкупната официјална бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројката на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915.