Продолжува судењето на рускиот опозициски лидер Навални

продолжува новото судење против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални

Денеска продолжува новото судење против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кое беше отворено во минатиот вторнико во казнената колонија, при што се соочува со уште една долга затворска казна, што е уште еден чекор во едногодишното, повеќестрано задушување на најжестокиот руски критичар на Кремљ, неговите сојузници и другите спротивставени гласови. Навални, долгогодишниот непријател на претседателот Владимир Путин, е обвинет за измама и непочитување на судот. Неговите сојузници го осудија случајот како обид на Кремљ да го задржи антикорупцискиот крстоносец во затвор што е можно подолго.

Почна ново судење за Навални, му се заканува затворска казна од 10 години

Властите го преместија судењето во затворската колонија неколку часа подалеку од Москва, каде што Навални отслужува казна за прекршување на условната казна. Овој потег доби критики за ефективно ограничување на пристапот до постапките за медиумите и поддржувачите. 45 годишниот Навални на новото судење се појави во импровизираната судница облечен во затворска униформа. „Едноставно овие луѓе кои го нарачаа ова судење се навистина исплашени од она што го кажувам за време на ова судење“, изјави Навални кој, доколку биде осуден, може да добие до 15 години затвор згора на времето што му беше наредено да одлежи минатата година.

Судењето на Навални е незаконско и срамно, обвинува неговата сопруга

Судењето започна додека светските лидери се преокупирани со уште една рунда тензии меѓу Русија и Западот поттикнати од стравувањата дека Русија планира да го нападне својот поранешен советски сосед.